Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Меѓународен ден на жртвите на холокаустот

Околу педесетина преживеани пред ѕидот на смртта во блокот 11 во Аушвиц,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу педесетина преживеани пред ѕидот на смртта во блокот 11 во Аушвиц, со пругасти шалови околу вратот или слични ленти околу раката, повеќето со помош на помладите членови на семејствата, положија венци, запалија свеќи, оставаа црвени рози и им се поклонија на мртвите со своите дланки потпрени на ѕидот.

По повод одбележувањето на 80 години од ослободувањето на овој нацистички логор во Полска, меѓу нив во колоната беше и полскиот претседател. На овој ден, кој е и Меѓународен ден на сеќавање на холокаустот, „ние се сеќаваме и на трите милиони Полјаци со еврејско потекло кои беа убиени од нацистите“, нагласи Дуда, потсетувајќи се на Витолд Пилецки, херој од Втората светска војна, релативно непознат надвор од Полска, кој прифати мисија да се инфилтрира во Аушвиц за да се откријат ужасите на кампот.

Официјалната церемонија започна во 16 часот во голем шатер подигнат над портата во Биркенау. Еден од симболите на годишнината ќе биде вагон на товарен воз кој се користел за транспорт на европските Евреи во логорот. Се очекуваат 54 меѓународни делегации, меѓу кои ќе бидат и претседателите на Италија, Франција и Германија.

Реклама

Но, никој од овие политичари нема ни да се приближи до микрофонот. Тие ќе бидат таму, единствено за да слушаат. Годинава, говорницата е резервирана само за оние кои ги преживеале ужасите на кампот. По повод 27-ми јануари, Меѓународниот комеморативен ден на жртвите на холокаустот, директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Оливера Трајковска, испрати порака дека „никогаш нема да ги заборавиме шесте милиони човечки животи, загубени во виорот на темните сили на историјата, меѓу кои беа и 7.144 македонски Евреи, депортирани во кобната 1943 година во логорот Треблинка. Од овие логори на смртта, немаше ниту еден преживеан“, се вели, меѓудругото, во пораката од Трајковска.