Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Осум децении од „Македонската граматика“ – темелот на современиот македонски јазик

Осум децении од книгата што ги постави темелите на современиот македонски литературен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум децении од книгата што ги постави темелите на современиот македонски литературен јазик. На 26 јануари 1946 година е објавена првата Македонска граматика од Круме Кепески, дело кое денес не е само научен труд туку и еден од столбовите на македонскиот јазик. Оваа година, институциите се навраќаат на корените, ја негуваат и слават важноста на ова историско дело.

„Ова дело претставува еден од темелите на македонистиката и филологијата поврзани и со процесот на наставата и со едукацијата, но секако и со развојот на македонистиката како научна дисциплина.“- вели деканот на филолошки факултет, Владимир Мартиновски.

Осумдесет години подоцна, велат од катедрата по македонски јазик, не се навраќаме само на една обична книга, туку на дело кое придонесе за научно и културно раѓање на народот. Македонистите ја истакнаа важноста на делото кое придонесе за писменоста и образованието на генерации ученици и студенти, кое и  денес се користи како столб за изучување на факултетите.

Реклама

„Се навраќаме на научната реалност претставена во неа. Дека македонскиот јазик има сопствен граматички систем, сопствена структура и сопствено културно наследство. Дека овој јазик е создаван низ векови и заслужува да биде проучуван, негуван и унапредуван. Од тука од името на катедрата за македонски јазик со гордост истакнувам дека Кепески остави не само граматика туку и пример како се служи на сопствениот народ.“- вели раководителката на катедрата за македонски јазик, Искра Пановска- Димкова.

Професорите потсетуваат дека со оваа граматика започнува самостојното постоење на македонскиот јазик во образовниот систем.

„Македонското образование во тоа време го земаа во свои раце. Истакнато место има Круме Кепески токму со првата граматика.“- вели професорот Димитар Пандев.

Круме Кепески бил роден на 8ми април 1909 година во Прилеп, а починал на 3 ноември 1988 година во Скопје. Воедно бил и истакнат македонист, граматичар, педагог, учебникар и собирач на народни умотворби. Истакнат деец во стандардизацијата на македонскиот литературен јазик и особено во развојот на граматичарското дело. Првата Македонска граматика се појавува како општествена потреба за остварување на националните потреби на македонскиот народ.