Во сила останува линеарното зголемување на пензиите, откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на вчерашната седница ја запре постапката. Тоа значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.
Граѓаните се задоволни и ја поздравуваат одлуката. Според пензионерите, оние со пониски примања ќе одат чекор погоре, а ќе се подобри и животниот стандард за сите подеднакво.
