Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Орце Ѓорѓиевски на средба со Бранко Азески

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, на која разговараа за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините.

„ Денес бев домаќин на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со кого дискутиравме за неколку теми важни за бизнисот и општините. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат бизнисите, процесот на децентрализација и инвестиционата активност на општините. Претседателот ме информираше дека интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е да се пренесе инвестиционата активност низ целата држава, што ќе овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и постигнување на целите за континуиран раст, кој ќе резултира со поголем стандард за граѓаните и поголем профит за компаниите,“ истакна градоначалникот.

Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите иницијативи на Владата кои имаат за цел остварување на раст од 4%, изградба на правна држава, како и почитување на принципите на пазарната економија.

Реклама

„ Го информирав претседателот за активностите на општината во оваа насока, и разменивме мислења за имплементацијата на политиките што ќе водат кон остварување на оваа суштинска цел – ослободување на сите клучни точки за развој на бизнисот, создавање поволна бизнис клима и наоѓање решенија кои ќе овозможат поддршка на сите бизниси кои генерираат додадена вредност, водат сметка за заштита на еколошката средина и отвораат нови работни места,“ рече Ѓорѓиевски.