Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Орце Ѓорѓиевски старо нов претседател на ЗЕЛС

Поголема централна фискална децентрализација и финансиска стабилност на општините, формирање на комунална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема централна фискална децентрализација и финансиска стабилност на општините, формирање на комунална полиција, но и нова механизација за Јавното Сообраќајно и комунално претпријатие. Ова ќе бидат приоритетите на старо-новиот претседател на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, кој на денешната конститутивна седница, едногласно ја доби поддршката од делегатите, заедно со неговите колеги – градоначланиците на Центар и Чаир, Герасимовски и Идризи како потпретседатели на ЗЕЛС. Прв човек на Надзорниот одбор стана градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Ќе продолжиме да функционираме обединето, без да дозволиме политиката да се меша во овие процеси и нашето дејствување се со цел подобрување на состојбите во општините и поголема фискална децентрализација“, изјави  претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави дека ќе продолжи со политики на подобрување на инфраструктурата на општините и дека со поддршка на Владата и премиерот Мицкоски, во наредните години ќе се реши еден од најгорчливите проблеми кои ги тишти скопјани, загадениот воздух. Во план е изградба на гасни централни низ метрополата, со кои ќе треба конечно да се реши проблемот со затоплувањето на домовите на голем број од граѓаните во Скопје.

Реклама

„Кога говорам еве на пример за гасна централа ние имаме една позиција, не би открил во јавност, ќе оставам тоа со претседателот на Влада да го направиме и останатите кои се вклучени во целиот процес. Тоа не е нешто што можеме преку ноќ да го направиме. Тоа ќе се работи неколку години. Но дека ќе треба да ги помрднеме работите, мораме да го направиме тоа и овој народ го заслужува тоа“, изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски е оптимист дека овој мандат ќе донесе конкретни резултати, потенцирајќи дека по дваесет години, локалната власт е значително созреана. Според него, градоначалниците имаат јасна визија за потребните реформи и располагаат со сериозен човечки и институционален капацитет. Повеќе од половината имаат најмалку еден мандат зад себе, а дел и долгогодишно искуство, за што, како што вели Ѓорѓиевски, е клучно за носење одржливи одлуки. Дополнително, искуството од енергетската криза покажало дека кога општините се обединети во рамките на ЗЕЛС, можат заеднички да изнајдат решенија и успешно да се справат и со најтешките предизвици.