Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Балкан

Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа

„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Русија ја доби војната со Украина“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан пред состанокот меѓу претседателите на САД и Русија во Алјаска во петокот.

Унгарскиот премиер, кој одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин и покрај руската агресија врз Украина, е единствениот лидер на ЕУ кој не ја поддржа заедничката изјава во понеделникот во која се нагласува дека Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина.

– Сега зборуваме како да е ова неизвесна воена ситуација, но не е. Украинците ја загубија војната. Русија победи, рече Орбан за ЈуТјуб каналот „Патриот“.

Реклама

„ Единственото прашање е кога и под кои околности Западот, кој стои зад Украинците, ќе признае дека ова се случило и какви ќе бидат последиците“, додаде тој.

Унгарија, земја која поголемиот дел од својата енергија ја добива од Русија, одби да ѝ помогне на Украина со оружје, а Орбан остро се спротивставува на патот на Украина кон ЕУ.

Унгарскиот премиер тврди дека Европската Унија ја пропуштила можноста да преговара со Путин за време на мандатот на демократскиот претседател на САД, Џо Бајден, а сега е загрозена дека други ќе ја обликуваат нејзината иднина.

– Ако не сте на преговарачката маса, тогаш сте на менито, рече Орбан, додавајќи дека Будимпешта се спротивставува на заедничката изјава затоа што Европа во неа изгледа „смешна и мизерна“.

„ Кога двајцата лидери ќе седнат на преговори, Американците и Русите… а вие не сте поканети таму, тогаш не брзајте кон телефонот, не трчајте наоколу, не викајте однадвор“, рече унгарскиот премиер за ЈуТјуб каналот „Патриот“