Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од мигранти – порача „Да живее Македонија!“

Да живее Македонија, нашиот македонски херој Христијан Мицкоски е чувар на јужната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да живее Македонија, нашиот македонски херој Христијан Мицкоски е чувар на јужната граница и заштитник на Европа од илегалните мигранти. Ова беше пораката што Виктор Орбан ја упати на конференцијата СРАС во Будимпешта. Премиерот на Унгарија упати директна благодарност до својот македонски колега поради неговото лидерство, бидејќи се борел против нелегалната миграција во Европа.

“Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија” изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Овие силни пораки од конфернецијата на конзерватиците дополнително ги потопија тезите на опозицијата и медиумите блиски до нив, кои неосновано тврдеа дека договрот за стратешко партнерство на Обидинетото Кралство наводно предвидува и прифаќање на мигранти од оваа земја, што беше демантирано и од британската Влада но и од самиот договор кој беше објавен пред неговата ратификација во Собранието.

Реклама

Пред самото обраќање на Орбан, беше емитувана видео порака од претседателот САД Доналд Трамп. Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот Иракли Кобахидѕе, шефот на чешката Влада Андреј Бабиш, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки  од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

На конференцијата утре ќе се обрати и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.