Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Општините Пустец и Кичево се збратимија и договорија унапредување на меѓусебната соработка

Општина Пустец и Општина Кичево денеска потпишаа меморандум за збратимување,  како силен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец и Општина Кичево денеска потпишаа меморандум за збратимување,  како силен израз на пријателство, меѓусебно почитување и заедничка визија за иднината.  

Збратимувањето го официјализираа градоначалниците Пали Колефски и Александар Јовановски. 
 
-Збратимувањето помеѓу Општина Пустец и Општина Кичево претставува значаен чекор кон градење трајни мостови на соработка и пријателство, засновани на заедничка историја, заемна почит и искрена подготвеност за заеднички напредок, е заедничката оценка на првите луѓе на општините. 
 
Колефски и Јовановски констатирале дека оваа значајна средба претставува уште една потврда дека пријателските односи меѓу општините можат да се развиваат во цврсти партнерства, насочени кон размена на искуства, меѓусебна институционална поддршка и реализација на заеднички иницијативи во повеќе области од локално значење. 
 
-Преку оваа посета беше испратена силна порака за негување на добрососедските односи, заштита и промоција на културните вредности, како и за создавање нови можности за соработка во сферата на образованието, културата, локалниот развој, туризмот и поврзувањето меѓу граѓаните на двете општини, информираа од општините. 
 
Во рамки на посетата, делегацијата ги посети училиштето „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“, црквата „Св. Архангел Михаил“ во центарот на Пустец, каде оддаде почит пред бистата на Гоце Делчев, како и музејот на писателот Стерјо Спасе во селото Глобочани.
  

Во делегацијата на Општина Кичево, покрај градоначалникот Јовановски, беа и пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, заменик-министерот за јавна администрација Лазе Јаќимоски, како и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои и Панди Јани и Спиро Малевски, претседател и секретар на здружението „Зошто”, на Македонците по потекло од Албанија.