Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Општина Пустец станува се попосакувана дестинација за туристите, за девет месеци ја посетиле 50 илјади

Општина Пустец, со своите природни убавини, езерската шир и многуте цркви и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец, со своите природни убавини, езерската шир и многуте цркви и манастири, станува се попосакувана дестинација за туристите.

-Во изминатите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи. Освен домашни и посетители од Македонија, од година во година се зголемува бројот на туристи од многу европски земји, кои, како што самите велат восхитени се од убавините на нашата општина, рече Пали Колефски, градоначалник.

Додава дека само преку една македонска туристичка агенција во последните десеттина дена областа ја посетиле 35 туристички групи.

Реклама

-Ова покажува дека Пустец сè повеќе привлекува посетители од целиот свет, како дел од турите за откривање на убавините на Албанија. Покрај другото туристите го посетија Островот Мал Град и беа воодушевени од пештерската црква, посочува тој.

Групите, според него, се придружувани од локални водичи, кои обезбедуваат детално запознавање со историјата, природата и културата на регионот.

-Во последните години вложивме многу напори и реализиравме повеќе проекти, со кои е подобрена патната инфраструктура, имаме уредени плажи, редовно водоснабдување. И понатаму ќе преземаме активности за создавање услови за престој на туристите, нагласува Колефски.

Очекува годинава да биде надминат бројот од 80 илјади  туристи колку што  ја посетиле општината минатата година. Општина Пустец ја сочинуваат девет населени места распослани на брегот на Преспанско Езеро.