Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Општина Пустец со еколошка акција пред туристичката сезона

Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината 

-Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат нашата област во текот на туристичката сезона, рече градоначалникот Пали Колефски. 

Посочи дека работниците на Јавното претпријатие за комунални услуги при Општина Пустец се на терен и работат на чистење на јавните простори.  

-Но, чистата средина е заедничка одговорност на сите, затоа апелирам до сите жители да придонесат за одржување на чиста и здрава животна средина.  Само заедно можеме да го одржиме Пустец чист и примамлив за секого, апелира Колефски.  

Додаде дека со подобрените услови, природните убавини и културно историските споменици,  со кои располага општината, и гостопримството по кои се познати Преспанци,  привлекуваат се поголем број туристи, нагласувајќи дека минатата година општината ја посетиле над 80 илјади туристи.