Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Општина Прилеп заради „административна“ грешка на централната власт остана покуса за околу 500.000 евра ?!

     За вкупно околу 500.000 евра остана покус планираниот буџет на општина Прилеп,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

     За вкупно околу 500.000 евра остана покус планираниот буџет на општина Прилеп, откако централната власт, наводно направила „техничко-админстративна“ грешка. Дури над 15 милиони денари за концесиски услуги во општина Прилеп кои се 78% од она што го уплаќаат фирмите кои вршат ископ на минерални суровини, а кои се слеваат во државата каса, завршиле на сметката на општина Ресен?!

  „Да поминете филтри во две миниистерствата и во Трезор, и 15,5 милиони денари да завршат на друга сметка, тоа остава простор да суди јавноста дека нешто е направено со тенденција, односно затоа што општина Прилеп е раководена од различна политичка опција од она што значи централна власт и дека ова е на некој начин да се потврди сликата која нереално ја прикажуваат дека ЛС во Прилеп ништо не работи“, – вели Дејан Проданоски, претседател на Совет на општина Прилеп.

   Освен овие средства, заради тоа што во централниот буџет се собрале помалку пари од ДДВ и заради постоечката „методологија на пресметка“, на општина Прилеп скратени и’ се и други 8,5 милиони денари на име блок-дотации. Овој скретен половина милион евра, за жал, прескапо ќе ги чини лично прилепчани. И не само годинава, туку и во буџетите за наредните неколку години, реагираат од општина Прилеп.  

Реклама

 Каролина Дурло