Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Општина Прилеп ќе ги решава водоснабдителните и канализациските проблеми во повеќе населени места

Прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ веќе има готови проекти за решавање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепското ЈКП „Водовод и канализација“ веќе има готови проекти за решавање на водоснабдителните и канализациските проблеми со кои со децении се соочуваат некои од населените места. Реалната реализација на тие проекти ќе биде овозможена благодарение и на средствата кои централната власт им ги вети на општините, уверува првиот човек на прилепски „Водовод“.

За н.м. Селце, таму ќе има водоводна мрежа до Манастирот, потоа го имаме н.м. Лениште, каде првпат откога постои тоа населено место ќе се донесе вода и во тоа н.м., и до сите викенд-куќички што се околу тоа населено место. Ги добивме и „Лековските извори“, еден од најстарите извори од каде по слободен пад добиваме вода, направени уште во 1946/1947 година. Проектот, и од наша страна, и од Министерството, е веќе одобрен. Оваа година се надеваме дека и тој проект ќе го реализираме“, – изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“, Прилеп.

Освен на овие нови проекти, а во кои спаѓа и н.м. Лагово, интензивно се работи и на финиширањето на веќе започнатите во населните места: Канатларци, Мало Коњари и Големо Коњари.

Реклама

Оваа година го преземаме н.м. Мало Коњари, каде што само 50 посто е извршена реализацијата околу канализацијата. Во Канатларци се одржува, функционира канализацијата, и н.м. Големо Коњари каде што проектот е целосно направен и оваа година ќе се заврши канализацијата во тоа населено место“, – посочи Гулабоски.

Поддршка за реализацијата на овие, но и на неколкуте други проекти кои допрва треба да ги поминат општинските и филтрите во надлежните министерства, пристигна и од ресорната заменк-министерка Ана Лашкоска. Според неа, недопустливо е во овој 21 век, луѓето од населените места и понатаму да немаат елементарни услови за живот.

Во 2025 година, за жал, се уште имаме во цела држава населени места, па и дел од градски средини каде што немаат канализација. И токму и решавањето на проблемот со загадувањето е воведување, односно изградба на нови канализациони системи. Ние, и во 2025, односно Министерството ќе продолжи да финансира изградба на канализациони системи. Обврска на општината, нормално, е да достави проект, а наша обврска како Министерство и Влада, е да ја финансираме“ – рече Ана Лашкоска, зам.мин. за животна средина.

Инаку, прилепски „Водовод“ за реализација на водоснабдителни и канализациони проекти, годинава има предвидено да аплицира за околу 10 милиони евра, по проекти кои се веќе готови.

Каролина Дурло