Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Општина Куманово и Институтот „Конфуциј“ потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Институтот „Конфуциј“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со цел унапредување на образовните процеси и развој на заедничка соработка, информираа денеска од општината. На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација, како и претставници од Институтот, меѓу кои проф. д-р Лијао Веи, кинески директор на Институтот, и проф. д-р Влатко Стоилков, македонски директор.

Според градоначалникот Димитриевски, со потпишувањето на меморандумот двете страни ја изразуваат подготвеноста за соработка, помош и поддршка во развојот на образовните процеси.

Меморандумот предвидува продлабочување на соработката во областа на образованието, културната размена и реализација на активности од заеднички интерес.