Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Општина Куманово го објави јавниот повик за културни манифестации за 2026 година

Одделението за култура и спорт од Општина Куманово го објави јавниот повик…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одделението за култура и спорт од Општина Куманово го објави јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање културни манифестации за 2026 година, информираа денеска надлежните. Повикот  ќе трае наредните 15 дена, заклучно со 3 декември 2025 година. Со повикот почнува редовната постапка за планирање на годишната културна програма на општината.

-Процесот е регулиран согласно правилникот донесен од градоначалникот, а критериумите, потребната документација и начините на доставување детално се наведени во самиот јавен повик. Новина оваа година е задолжителната употреба на стандардизиран образец за предлог-проекти што треба да ја подобри транспарентноста и да го олесни процесот на евалуација. Предлог-проектите ќе бидат оценувани врз основа на табела за бодирање од страна на комисијата формирана од градоначалникот, а според правилникот за утврдување на постапката за прибирање и разгледување проекти од областа на културните манифестации, изјави, помошникот-раководител во Одделението за култура, Александар Крстевски.

Пристапот, според надлежните обезбедува детални  критериуми и го минимизира просторот за субјективност при изборот. На повикот можат да учествуваат јавни институции, здруженија, фондации и други субјекти што работат во областа на културата и социјално-хуманитарната сфера.

Реклама

-Ги охрабруваме сите јавни установи, здруженија, фондации и правни лица кои работат во културата или социјално-хуманитарната сфера да се пријават со нови идеи и проекти кои ќе ја збогатат културната програма на градот. Јавниот повик се покажа како успешна алатка за поддршка на традиционалните настани, но и за поттикнување иновативни и креативни концепти. Благодарност до сите кои со својот труд и енергија придонесуваат за културното воздигнување на Куманово, изјави Крстевски.

Избраните проекти ќе станат дел од програмата за културни манифестации за 2026 година, која ќе биде предложена пред Советот на Општината. Финансиската рамка ќе се дефинира со Буџетот на Општина Куманово за 2026 година, а по усвојувањето програмата ќе биде објавена во службен гласник.

Според Одделението, практиката покажала дека јавниот повик е успешен модел преку кој  се поддржуваат и традиционални настани и нови креативни иницијативи кои ја збогатуваат културната понуда. Само за 2025 година, за програмата беа издвоени 20 милиони денари.