Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Општина Кисела Вода ги повика заинтересираните да се вклучат во креирањето буџет за 2026 година

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации, здруженија, деловни субјекти од овој дел на градот, активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот за 2026 година. Со оваа иницијатива, општината уште еднаш ја потврдува заложбата за транспарентно и отчетно управување, каде реалните потреби на граѓаните се основа за планирање на идниот развој, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа.

– Во духот на транспарентно и одговорно работење, како начело по што постојано се водиме, процесот на креирање на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2026 година го отвораме заедно со вас. Ова не е буџет што се создава зад затворени врати. Тој се гради врз вашите реални потреби, идеи, предлози и приоритети. Ве охрабруваме да размислите што навистина недостига во вашата населба или населено место и да го споделите вашето мислење со нас. Нашата цел е секој глас да биде слушнат, секоја потреба препознаена, а секоја вредна идеја, вградена во развојниот план на општината. Вашите мислења и предлози можете да ги доставите од денеска, понеделник – 1 декември,  до петок – 5 декември, по електронска пошта на: [email protected]. Дополнително, сите граѓани имаат можност своите предлози лично да ги достават во која било од 15-те месни и урбани заедници на територијата на општина Кисела Вода, се појаснува во соопштението.

Се додава дека со секоја идеја, се добива појасна слика за тоа што навистина му е потребно на секој дел од Кисела Вода.

Реклама

– Ова е можност заедно да покажеме дека нашата општина се развива преку активното учество на граѓаните и дека најдобрите решенија се раѓаат токму од нивниот глас. Заедно создаваме план за подобар живот и повеќе можности за сите, се истакнува во соопштението.