Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Општина Кисела Вода: Деветоодделенците од Кисела Вода ја креираат својата полуматурска прослава

Деветтоодделенците одлучуваат за својата полуматурска прослава. Во таа насока, денеска претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деветтоодделенците одлучуваат за својата полуматурска прослава. Во таа насока, денеска претставници на учениците кои го завршуваат основното образование беа во Општина Кисела Вода, каде низ разговор со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги кажаа своите идеи и желби за претстојниот настан, информираат од Општината.

Целта на локалната самоуправа, како што велат оттаму, е одбележувањето на крајот на овој образовен циклус за вкупно 560 ученици да биде осмислено исклучиво преку нивната призма.

На средбата се разговарало за конкретни предлози и концепти иницирани од самите полуматуранти за тоа како замислуваат една модерна и автентична заедничка прослава.

Реклама

-Општина Кисела Вода ги третира младите како сериозни соговорници чие мислење мора да се вреднува. Денеска сакав да ги слушнам директно нив, нивните очекувања, идеите и креативноста што ја носат. Овие млади луѓе покажаа извонредна зрелост во предлозите за тоа како да ја одбележат својата полуматура. Нашата задача како институција е да им дадеме простор да одлучуваат за прашањата што ги засегаат и да овозможиме нивните визии да станат реалност, рекла на средбата  градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.