Реклама

Ниски трошоци за контно производство, цената на гопривата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

Економија

Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели

Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, во рамки на годишната програма за финансиска поддршка на жителите и мерките за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. 

Со повикот се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот уред или панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, посочи дека мерката има за цел да го поттикне користењето на енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија во домаќинствата, со што директно се придонесува за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот. 

Реклама

Право на учество имаат сите граѓани со постојано живеалиште на територијата на општината кои ќе набават инвертер клима или соларен панел од 18 мај 2026 година, па сè до исцрпување на предвидените средства, при што субвенцијата може да се искористи еднаш по семејство. 

Барањата ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, по принципот „прв дојден, прв услужен“, а надлежната комисија ќе може да изврши увид на лице место за потврда на поставената опрема. 

Од Општина Илинден информираат дека сите заинтересирани граѓани дополнителни информации за условите и потребната документација можат да добијат во просториите на општината или на официјалната веб-страница.