Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари, а Општина Дојран ќе донира половина милион денари за настраданите во Кочани

Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари од буџетот за 2025 година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реклама

Општина Гевгелија ќе донира 1,5 милиони денари од буџетот за 2025 година за помош на настраданите во пожарот во Кочани. Одлуката за оваа финансиска помош беше едногласно донесена од Советот на Општина Гевгелија на вонредната седница, на предлог на градоначалникот Андон Сарамандов.

Членовите на Советот на Општина Гевгелија им оддадоа почит на загинатите во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката во Кочани, со едноминутно молчење.

„Тажен е поводот за одржувањето на оваа вонредна седница. Не постојат зборови со кои може да се изрази сочувство за згаснатите млади животи, не постојат зборови на утеха за нивните најблиски. Вечен покој и спомен на настраданите, а Бог да им даде сила на семејствата да го пребродат овој тежок момент“, изјавил претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Ѓорѓе Попов, на општинската страница.

И Советот на Општина Дојран на вчерашната вонредна седница едногласно донесе одлука за доделување парични средства во висина од 500.000 денари на семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.