Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Општина Делчево со апел до граѓаните за пријавување загадување на воздухот

Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица дека со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со законски одредби, се забранува на индивидуалните или на деловните објекти како огревен материјал за затоплување да користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков друг вид отпад кои при согорувањето испуштаат отровни материи и го загадуваат амбиенталниот воздух. 

Поради ова од Општина Делчево најавија дека инспекциските служби ќе вршат вонреден инспекциски надзор посебно во инсталациите каде има значителни емисии во амбиенталниот воздух и согласно со законските одредби ќе се преземаат соодветни казнени мерки.

-Според Законот за животна средина сите инсталации имаат изготвено елаборати за заштита на животната средина во кој е строго определено кое огревно средство се користи. Исто така, строго е забрането од страна на текстилните фабрики издавање отпаден материјал (отпаден текстил) на физички лица, известија од Општината.

Реклама

Пријавите за загадување на воздухот треба да се достават до Архивата на Општина Делчево.

-Пријавите треба да се достават до Архивата на Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр. 1,
Формата „Пријави проблем“ на следниот ЛИНК, Е-маил: [email protected], до инспекторот за заштита на животна средина, како и преку сите други електронски канали на Општината која охрабрува навремено пријавување со цел подобра заштита на животната средина и здравјето на сите жители.

Општина Делчево преку проектот „Спречување на загадувањето на воздухот со помош на едукативни технички решенија“ има набавено нова станица за мониторинг на PM10 честички каде граѓаните преку линкот достапен на општинската страна можат во реално време да го следат квалитетот на воздухот во градот Делчево.