Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Општина Делчево обезбеди два милиони денари за механизација за одржување на локалните патишта

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска потпиша договор за реализација на проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска потпиша договор за реализација на проектот „Набавка на механизација за одржување на локалните патишта во села со специфични развојни потреби во Делчево“, со кој за Општината се обезбедени два милиони денари преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.

Како што информираше Гоцевски, проектот претставува значајна инвестиција за руралните средини и има за цел подобрување на условите за живот во населените места со специфични развојни потреби.

– Новата механизација ќе овозможи поефикасно и навремено одржување на локалните патишта, особено во селата каде што инфраструктурата е од исклучително значење за секојдневното функционирање на жителите – истакна Гоцевски.

Реклама

Тој додаде дека локалната самоуправа останува посветена на рамномерен развој на сите населени места во општината, нагласувајќи дека подобрата патна инфраструктура значи поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот за граѓаните.

Гоцевски упати благодарност до Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за поддршката и препознавањето на потребите на Општина Делчево, посочувајќи дека Општината ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон модерна инфраструктура и подобри услови за живот.