Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Македонија

Општина Дебар организираше голема еколошка акција

Под мотото „Да го одржуваме градот чист” Општина Дебар денеска реализираше голема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Да го одржуваме градот чист” Општина Дебар денеска реализираше голема еколошка акција, во која беа исчистени големи површини во градот и периферијата.


 
Во акцијата учествуваа Јавното комунално претпријатие „Стандард”, општинската администрација и членови на Советот на општината, риболовци, граѓани, ученици, кои собраа голема количина отпад. 


 
– Може да изразам големо задоволство од масовното учество во акцијата која го исчисти не градот. Сега доби лик како што заслужува. Апелирам до сите за поголема совесност и грижа и отпадот да го оставаат на места определени за тоа. Чистата средина значи и заштита на здравјето на сите нас. Голема благодарност за сите учесници, рече градоначалникот Фисник Меља, кој лично учествуваше во акцијата.

Реклама

Апел за поголема совесност и грижа за чиста средина упати и директорот на „Стандард”, Нертил Османи, кој не го крие незадоволството од односот на дел од граѓаните, но и правни субјекти, кои ја загадуваат средината.

 Исчистени беа и околните површини на повеќе станбени згради, каде јавна тајна е дека „домаќинките” фрлаат отпад преку балкони.