Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Општина Центар организира бесплатна тематска прошетка „Времеплов низ Центар – историја, култура и архитектура“

Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатна тематската прошетка  „Времеплов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар ги поканува сите заинтересирани граѓани на бесплатна тематската прошетка  „Времеплов низ Центар,  историја, култура и архитектура“, која ќе се одржи денеска,  од 18:00 до 20:00 часот.

Собирно место е на улица „Македонија“, пред Спомен-куќата на Мајка Тереза, од каде ќе започне прошетката низ богатото историско, културно и архитектонско наследство на централното градско подрачје.

Водичи на турата ќе бидат Димитар Таневски и Антонио Павловски, а посетителите преку интересни  факти и приказни ќе се запознаат со минатото на Центар од еден нов агол.

Реклама

-Придружете ни се на уште една  прошетка низ  повеќе локации кои се наше секодневие, но толку малку знаеме за нив. Ова е прилика да откриете што е тоа што го прави нашиот град единствен и уникатен- порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Маршутата опфаќа препознатливи обележја, меѓу кои Градскиот трговски центар, Камениот мост, Кејот на Вардар, Даут Пашин Амам  и многу други значајни историски и архитектонски знаменитости.

Посетителите  ќе имаат можност да слушнат за личности, настани и објекти кои оставиле траен белег врз развојот на градот, како и да откријат детали што често остануваат незабележани во секојдневниот урбан ритам.

Турата е бесплатна и е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година.