Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Општина Чаир: Проектот за спортскиот базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорот и законските прописи

Проектот за спортскиот базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорот и законските прописи – обвинувањата се целосно неточни и тенденциозни Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир информира дека проектот за изградба на затворен спортски базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорните обврски и важечките законски прописи. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектот за спортскиот базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорот и законските прописи – обвинувањата се целосно неточни и тенденциозни

Во интерес на точно и објективно информирање на јавноста, Општина Чаир информира дека проектот за изградба на затворен спортски базен во ООУ „Исмаил Ќемали“ е реализиран согласно договорните обврски и важечките законски прописи.

Финансиските обврски поврзани со проектот се реализираат согласно договорот, законските процедури и утврдената динамика, при што Општина Чаир во целост ги почитува одредбите од Законот за јавните набавки.

Реклама

Градежните работи кои се предмет на договорот за јавна набавка се целосно реализирани во согласност со предвидената динамика и условите утврдени во договорот.

Активностите кои се однесуваат на приклучување на електричната и водоводната мрежа, како и спроведување на одредени тестирања и постапки за ставање на објектот во целосна функција, не претставуваат дел од договорот за јавна набавка за изградба на базенот. Истите се реализираат во соработка и координација со надлежните институции и јавни претпријатија по завршувањето на градежните работи.

Изградбата и ставањето во употреба на училишниот затворен спортски базен претставува значајна инвестиција во образованието и спортот и е дел од пошироките заложби на Општина Чаир за унапредување на јавната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните.

Подобрувањето на условите за младите останува највисок приоритет на Општина Чаир.

Општина Чаир останува посветена на транспарентно и одговорно работење, како и на реализација на проекти кои носат долгорочни придобивки за учениците, младите и сите жители на општината. Воедно, Општина Чаир ги повикува сите заинтересирани страни кои сакаат детално да се информираат за сите активности, да ја посетат интернет страницата на општината www.cair.gov.mk или да се обратат до соодветните општински служби.