Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Општина Брвеница и албанската погранична општина Булќиза потпишаа меморандум за соработка

Општина  Брвеница и албанската погранична Општина Булќиза, чие седиште е на на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина  Брвеница и албанската погранична Општина Булќиза, чие седиште е на на 27 километри од Дебар,  за време на вчерашната посета на делегација на Општина Брвеница на Булќиза, потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓуопштинските и прекуграничните односи. 
 
-На средбата, која се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, претставниците на двете општини разговараа за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, со посебен акцент на аплицирањето и реализацијата на заеднички проекти во рамките на ИПА и ИПАРД програмите, објавија градоначалниците на двете општини. 
 
Градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски упатил искрена благодарност до Општина Булќиза и градоначалничката Фестиме Мјештри за топлиот пречек, гостопримството и покажаната подготвеност за партнерска соработка. 
 
Оцениле дека потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон унапредување на локалниот и регионалниот развој, како и кон зајакнување на пријателските односи меѓу двете општини. 

Од двете страни било изразено уверување дека воспоставената соработка ќе резултира со конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот на граѓаните и развој на локалните заедници. 
 
На територијата на Општина Булќиза припаѓаат и административните единици Острени и Требиште, област Голо Брдо, населени главно со Македонци.