Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Општина Битола ќе вложи 4,7 милиони евра во спортска училишна инфраструктура

Општина Битола годинава ќе вложи 4,7 милиони евра во спортската училишна инфаструктура,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола годинава ќе вложи 4,7 милиони евра во спортската училишна инфаструктура, со цел подобрување на условите за функционирање на училиштата и во делот на спортските активности.

Од Општина Битола информираат дека во капиталните расходи на Развојната програма, обезбедени се средства со кои ќе се завршат проектите, односно реконструкција на објектот на спортската сала во Бистрица. Изградба на три типски училишни спортски сали во ОУ „Стив Наумов“, подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари и централното ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици. Исто така ќе започне и изградбата на спортски игралишта во училиштата „Гоце Делчев“, „Даме Груев“, „Коле Канински“ во населба „Буковски ливади“, подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата „Горно Оризари“, потоа игралиштето во поранешното турско училиште во ОУ „Гоце Делчев“, и во ОУ „Тодор Ангелевски“ во населбата Ушици. 

Локалната самоуправа планира реконструкција на спортските игралишта во основните училишта „Климент Охридски“, „Трифун Пановски“, „Ѓорги Сугарев“ и во населбата „Стрелиште“. 

Реклама

Овие проекти се реализираат со средства од Владата во вкупна вредност од 227,8 милиони денари, а Општина Битола од основниот буџет обезбедува 61,5 милиони денари.