Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Општина Ѓорче Петров додели признанија на тивките херои – крводарителите

По повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денеска беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности.

Како што соопштија од Општината, станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно – луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат човечки животи.

Признанија им беа доделени на: Анита Велкова, Горан Јанев, Стефан Георгиевски, Моника Палоска и Марко Дабески. Посебна благодарница му беше доделена на Владимир Блажески за значајниот јубилеј – 50 дарувања крв, како редок и вреден пример за посветеност и хуманост.

Реклама

Во рамки на настанот, признание за поддршка на хуманитарните активности беше доделено на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како и на Драган Трпески, вработен во Општината.

– Хуманоста не се докажува со зборови, туку со дела. Денес оддаваме признание на луѓе кои без двоумење даваат дел од себе за некој друг да има утре. Тоа е вредност што не може да се измери, но може да се почувствува во секој спасен живот. Нашата обврска како институција е да ги поддржиме и да создадеме услови оваа хуманост да продолжи да живее и да се пренесува – изјави градоначалникот Стојкоски по повод признанието.

Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи што го зајакнуваат чувството на заедништво и солидарност во општеството, стои во соопштението.