Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Општ лекар од Брзата помош во Македонски Брод, позитивен на Ковид 19, неколку дена одел на работа?!

Општ лекар од Прилеп, а вработен во Брзата помош во Македонски Брод,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општ лекар од Прилеп, а вработен во Брзата помош во Македонски Брод, иако бил тестиран уште пред седум дена, резултати дека е позитивен пристигнале дури вчера. Како што дознава Алфа, тој, додека ги чекал резултатите и иако имал извесни симптоми, сепак неколку дена си продолжил да си оди на работа, што го наметнува прашањето дали заради доцнењето на резултатите, не ги довел во опасност и своите колеги, но и пациентите ?! Лекарот, кој инаку е во блиска роднинска врска со веќе заразената пратеничка од Прилеп, од 12-ти месецов е хоспитализиран во Инфективното одделение во прилепската Болница и е во стабилна здравствена состојба, дознава Алфа.

Утринава, телефонски го контактиравме и директорот на Болницата во Македонски Брод, д-р Жарко Симески, кој инаку пак, е брат на пратеничката од СДСМ од овој град, Анета Симеска, и кој, според наводите во некои медиуми, не дозволувал информацијата за заболениот доктор да се сподели со медицинскоот персонал и со јавноста ?! Тој, ги демантираше информациите, објаснувајќи дека во нив препознава политичка заднина и непотребно кревање на паника помеѓу медициснкиот персонал и граѓаните на Македонски Брод.

           „Точно е дека нашиот колега е позитивен на Ковид 19 и е хоспитализиран на Инфективното одделение во прилепската Болница. Со него контактираме секој ден и е во добра здравствена состојба. Меѓутоа, лажни се вестите дека тоа сме го криеле од колегите и сограѓаните. Резултатите пристигнаа дури вчера, а ние како здравствена установа, уште претходно ги имавме преземено сите мерки за заштита и на здравствените работници, и на пациентите. Организирани сме, така што се работи во две екипи од по 4 лекари и 6 медициснки сестри, кои работат по 14 дена, без воопшто да си одат дома. А после тие 14 дена, првата екипа оди во домашна самоизолација од исто толкав период, додека втората екипа работи по истиот терк од 24/7 во следните две недели. Затоа ние досега немаме ниту еден заразен граѓанин, ниту пак, здравствен работник. Епидемилозите утврдија дека и заразениот колега не е заразен на работното место, туку дома, во Прилеп“ – изјави за Алфа, д-р Смилески.

Реклама

Инаку, пратеничката Кети Смилеска, која му е роднина на заразениот лекар, пред неколку дена од прилепското Инфективно одделение префрлена е на Инфективната клиника во Скопје.

Денеска во општина Прилеп регистрирани се 9 нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот. Во Инфективното одделение хоспитализирани се 19 лица, од кои две се со потешка клиничка слика и се на кислородна поддршка. Три лица се во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 460 лица.

Каролина Дурло