Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Опасно чување на неексплодирани гранати

Битолскиот регион со Мариово се едни од најризичните подрачја во државата, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолскиот регион со Мариово се едни од најризичните подрачја во државата, на кои лежат огромни арсенали на неексплодирани убиствени средства- гранати, мини, бомби и други опасни материјали останати од Балканските војни и од Првата светска војна, каде што на линијата на Македонскиот фронт војувале над два милиони војници. Во периодот од половина век и нешто повеќе, откриени се над 80. 000 неексплодирани убиствени средства, а сега годишно се откриваат до четиристотини парчиња. За жал, кај нас нема ниту стратегија, ниту стандарди од деакативирањето, па преку транспортот, складирањето и уништувањето, за безбедни пиротехнички операции. Собирањето на експлозивниот материјал, па складирање и по одреден период негово уништување, во даден момент носи огромни ризици, што оваа табу тема ја откри Ефтим Митров, раководител на тимот пиротехничари кој рече дека во Битола, во напуштената касарна се чуваат над 4 тони неексплодиран материјал кој е чуван небезбедно. Сега, од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека големите количества се уништени и дека објектите се безбедни.

  • Објекот во кој се чуваат минските експлозивни средства и заостанат воен материјал има алармен систем и патролно обезбедување преку Агенција. Така, сметаме дека е безбедно рече Димче Јошевски, раководител на ПЕ на Дирекцијата за заштита и спесување во Битола.

Меѓутоа, за овој безбедносен аспект, недостасуваат меѓународните искуства и протоколи.

  • Се надевам дека треба да бидат според европските стандарди и мерки, каде што точно е  пропишано да имаме стандардни процедури за откривање, транспорт и з ачување на неексплодираните убиствени средства- рече м-р Коста Поповски, командир на ППЕ- Битола и поранешен пиротехничар.

Од друга страна, непомал е проблемот со статусот на пиротехничарите кои во цела држава ги има само седуммина и кои заради старост ќе се преполоват, а со сиот ризик земаат плата од 20. 000 денари.

Реклама
  • Ќе нема пиротехничари. Не знам кој би се нафатил за овие пари и ваков ангажман без животно и друго осигурување, без бенефициран стаж да се прифатат да ја работат таа работа, а опасностите се големи- рече Јошевски.

Во моментов, во поранешните воени објекти на битолската касарна не се знае точно колкаво количество на неексплодирани средства има, а таму се наоѓа и опремата на Дирекцијата. Досега имало само еден обид за кражба, но опасноста од пожари е реалност, зашто во непосредна близина се куќи и студентскиот дом.

Петар Стефановски