Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Oнколошки пациенти повторно алармираат лекот „Золадекс“ го нема на Онкологија

Повторно нема лек за пациентите болни од канцер. Во Македонија се јави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повторно нема лек за пациентите болни од канцер. Во Македонија се јави недостиг на лекот Золадекс од кој на лицата со карцином на дојката им зависи живот. Лекот велат им е неопходен и мораат да го примат на секој три месеци. Александра Величковска е една од малкумината харбри пациенти на Онкологија која јаво, пред камерата на Алфа проговори за проблемот со кој се соочуваат болните. Вели, се плаши да зборува отворено и покрај тоа што е изложена на ризик во иднина да не го добие неопходниот лек кој за неа значи живот.

„Минатата недела јас примив Золадекс, тоа е хоморална терапија која ја примам на три месеци. Конкретно ми беше кажано дека е последната инекција. Што значи за тие после мене, нема да има. Веќе не само што е алармантно, веќе не знам како да ви објаснам колку е страшна ситуацијата, кога сè излегува од контрола на Онкологија. Значи претходно беше безредие и некој кој што изманипурил или криумчарел лекови. Ние пак го извлекуваме подебелиот крај“, вели Александра Величковска пациентка на Онкологија .

Величковска се сомнева дека проблем со недостиг на лекот се јавува во тендерските постапки. Од Онкологија молк за настанатиот хаос.

Реклама

Доцнењето на терапии поради тендерски процедори е проблем заради кој Здруженијата на пациенти бараат нешто да се смени во системот за набавки. Најпогодени се пациентите со ретки болести.

Величковска објаснува дека лекот им е неопходен па за стигнат до него се саноѓаат како знаат и умеат. Бидејќи во Македонија го нема, го купуваат од соседните земји, а една тримесечна терапија чини околу 14.000 денари, сума која секој пациент не може да си ја дозволи. Оние пациентите пак кои не се од Скопје редовно се случува, болни, залудно да патуваат до главниот град, докторите ги враќаат назад бидејќи на клиника ја нема потребната терапија.

„Македонија е држава во која што имаме, не сме сите од иста класа. Значи имаме и пациенти кои имаат исто право да се лечат како и ние што сме тука од Скопје, кои што имаме превозни средства, а тие користат превозно средство автобус. Едвај се снаоѓаат за еднаш да поминат, а не пак да бидат вратени како што се случува назад неколку недели, поради одредени причини од Онкологија треба да ви кажат зошто се случуваат. Тие од внатрешноста јас не знам како се снаоѓаат и покрај пеколните горештини да дојдат повторно, за секако да се изборат за правото на лек“, вели Величковска.

Онколошките пациенти се жалат и на недостиг на медицински кадар и дека со часови чекаат пред болничките врати за да го добијат потребниот лек или ја примат терапијата, а дополнителни проблеми им создаваат и лошите хигиенски услови во клиниката.

„И немање на капацитет за да се услужат сите пациенти. Јас кога ја спремав мојата хемотерапија, беа полни двете простории кои што се наменети за примање кај што има столови, кои што се наменети за хемотерапија. Сега капацитетот им е само за една просторија“, вели Величковска.

Секоја година во земјава околу 6000 луѓе во просек се дијагностицираат со рак, а ракот е и втора најчеста болест од која се умира во земјава. Дури 70% од пациентите на кои им е потребен лекот Золадекс, а не го добиваат навреме завршуваат со смрт.

Љубиша Владимиров