Реклама
Македонија

Онколошки пациенти на средба со обвинители во Обвинителството

Десетици пациенти примале погрешна терапија на онкологија, а некои ниту тоа.  Во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Десетици пациенти примале погрешна терапија на онкологија, а некои ниту тоа.  Во текот на истрагата обвинителите ги прегредале досиејата на сите најтешко болни кои во периодот од 2018-та до 2022ра се лекувале на клиниката за Онкологија, период кога со неа раководеше осомничениот екс директор Нино Васев.

Според Обвинителството од сите прегледани истории, 65 биле издвоени и испратени и анализирани од вешти лица во Словенија и Србија. Словенечките експерти потврдиле несоодветно лекување кај 29, а српските дополнителни 18. За ова на средба во Обвинителството, обвинителите ги информирале претсавниците на онколошките пациенти. Во наредниот период обвинители  ќе ги контактираат пациентите кај кои било утврдено пропуст во лекувањето, да ги посоветуваат за нивните права како оштетени.

Реклама

„Дел од овие пациенти за жал се починати, дел се уште се на терапија. Од Обвинителството0 не информираа и ни ветија дека сите пациенти кои се дел од овие истории ќе бидат исконтактирани или ќе бидат исконтактиерани нивните семејства. Тој број се менувал во текот на годините нели станува збор за пет години, меѓутоа сите пациенти кои примале дел од таа террапија која што беше под истрагара апсолутно сите истории биле прегледани“,изјави, Ана Марјановиќ – онколошки пациент здружение Хема Онко.

Маријановиќ вели дека најмногу погодени биле пациентите со рак на дојка, бели дробови и дигестивниот систем.

„Без оглед на кој тип канцер го имале пациентите доколку нивниот случај бил за биолошка терапија примал биолошка терапија се разгледани и се дел од целокупната истрага. Најголемиот број на пациенти кои што се на биолошка терапија се најчесто града, бели дробови, дигестивен систем“, изјави Ана Марјановиќ – онколошки пациент здружение Хема Онко.

Начинот на давање терапија се менува. Од сега тие прво ќе треба да бидат одобрени Комисиски и со согласност на пациентите.

Мината недела Обвинителството поднесе две обвиненија за најголемиот скандал во македонското здравство, случајот „Онкологија“. Обвенити се двајцата екс директори Васев и Нухи и уште тројца онколози. Поранешните директори на Клиниката завршија во куќен притвор.