Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Околу 1.800 слободни места со над 60 паралелки нудат кумановските средни училишта

Околу 1.800 слободни места со над 60 паралелки нудат кумановските средни училишта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Околу 1.800 слободни места со над 60 паралелки нудат кумановските средни училишта за учениците кои годинава ќе се запишат во прва година во едно од петте средни училишта во Куманово. Во дел од нив ќе се изведува дуално образование, се наведува во конкурсот објавен од Министерството за образование и наука. Вкупно, во прва година се предвидува да се запишат 1.795 ученици распределени во 61 паралелка.

Во општинското средно техничко училиште „Наце Буѓони“, предвидено е да се запишат 592 ученици во 19 паралелки, во електротехника, машинство и здравство. Сличен тренд следи и во СОУ „Перо Наков“, каде се планирани 368 ученици во 14 паралелки, со акцент на економијата, текстилната индустрија и новите профили како дигитален маркетинг и е-трговија. Регионалниот центар „Киро Бурназ“ дополнително ја зацврстува оваа насока со 300 ученици во 12 паралелки, преку образовни профили поврзани со земјоделство, прехранбена индустрија, услуги и здравство, што е особено значајно за локалната економија и руралниот развој.

Иако стручното образование доминира, гимназиското образование задржува стабилен интерес. Во двете гимназии во градот се предвидени вкупно 408 ученици во 12 паралелки. Гимназијата „Гоце Делчев“ ќе запише 204 ученици во 6 паралелки, вклучително и билингвални паралелки на англиски и француски јазик. Паралелно, гимназијата „Сами Фрашери“ со ист број ученици и паралелки ја одржува континуитетот на образование на албански наставен јазик.

Реклама

Еден од најзначајните трендови е зголемената соработка со приватниот сектор. Голем број образовни профили се реализираат во партнерство со компании, што овозможува практична настава и полесен премин од образование кон вработување.