Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

ОЈО проверува поврзаност помеѓу пожарот во објектот во Чаир и убиството кај Блаце

ОЈО Скопје ја проверува евентуалната поврзаност на убиството во Блаце и пожарот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ОЈО Скопје ја проверува евентуалната поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во угостителски објект во Чаир, по вчерашниот случај, кога по 18 часот во близина на локалниот пат од долно кон горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Наводно, З.Т. бил убиен додека работел на нива.

Иницијалите ништо не значат, доколку не се знае дека убиениот З.Т. Бил татко на Гани Туша (Марку), лице кое е осомничено за минатогодишното убиство на Орхан Бајрами – Оки во грчкото приморско гратче Ханиоти. Орхан Бајрами беше посочуван како неформален водач на нарко-кланот „Дуќанџик“, а убиството – како пресметка меѓу ривалски групи. Гани Туша е осомничен и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исени- Љаци во угостителски објект во старата скопска чаршија во март минатата година, исто така како чин на борбата за превласт врз пазарот со наркотици на тeриторијата на Скопје.

Тој е во притвор, а го посочуваат како припадник на групата Барон, во која доминираат повратници од боиштата на блискиот исток, кои се обидуваат да земат дел од колачот на нарко пазарот. Предходница на вчерашното убиство е пожарот во кафулето „Барон“ во Чаир. „Фокус“ објави снимка на која се гледа како три лица со тврди предмети ја обиваат влезната врата на кафулето, а потоа го подметнуваат пожарот. Обвинителството утрово соопшти дека извршен е увид во кафулето во Чаир, подигнати се траги од лице место и обезбедени се снимки од видео надзор. Се истражува дали станува збор за крвна одмазда или пак продолжение на криминалните пресметки меѓу двете банди, од една страна Дуќанџик и Грчец, а од друга страна барон и беланоца, велат од ОЈО.