Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Охриѓани со воодушевување ја примија веста дека по цели 50 години ќе се гради автопатот од Скопје до Охрид

Изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево што ќе овозможи од метрополата до Охрид да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево што ќе овозможи од метрополата до Охрид да се стигнува за час и половина,не само што што ќе го забрза економскиот раст на земјава,ќе го подобри функционирањето на туризмот и ќе го скрати мачното и долго патување до туристичкиот центар,проблем број еден поради кој се повеќе домашни и странски гости ја избегнуваа дестинација. Ќе нема повеќе наплив на сообраќај во ек на сезоната,долгите колони автомобили,застој и чекање со часови по патиштата додека да се стигне до Охрид. Веста дека после 50 години,конечно со засилено темпо почнува изградба на автопатот Гостивар-Букојчани-Кичево како најтешкиот дел од коридорот 8, беше поздравена од охриѓани но и туристите кои ги затекнавме на ривиерата.

Мислам дека три часа патувавме од Скопје до Охрид,дојдовме со рент а кар преку Битола,ни рекоа дека е подобар патот.Ако се подобрат патиштата,можеби ќе дојдеме пак;Десет часа патувавме од Босна до Охрид. Ако го исполнат ветувањето за час и пол да се стигнува од Скопје до Охрид ќе биде одлично, секоја чест; За Охрид сигурно ќе значи дека ќе имаме поголем туризам,очекуваме повеќе туристи и тоа е за доброто на Охрид. Ние бевме пред две недели со две деца, искрено беше многу долг патот, имаше доста застои и беше тешок да речам.Доколку би бил автопатот за чат и четриесет минути би било одлично; – Голема предност за сите што побрзо да стигнат и што повеќе  народ да дојде. Големи поплаки од сите што доаѓаат од Скопје, од други држави странски туристи дека инфраструктурата ни е катастрофа; – Сите ќе бидат задоволни ако патот се скрати на тој начин

 Поради ужасно лошиот пат,Кичево-Охрид кој претходната влада не успеа да го изгради една деценија, странците не само што не одбегнуваа ,туку не помислуваа да поминат низ нашата држава, транзитираат преку јужна Албанија. И покрај бројните проблеми,очекувањата се дека по овој автопат ќе се вози до крајот на 2026-та. Туристичките работници повеќе нема да се црвенеат пред странците кои по долг низ години одлучиле повторно да го посетат Охрид желни да уживаат во убавините.

Реклама

Инаку автопатите од коридорите 8 и 10д кои сега ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ се во должина од 110 километри и чинат 1,3 милијарди евра, а треба да бидат завршени за 4 години.

Росица Голабоска