Со неколку лета неделно, охридскиот аеродром Свети Апостол Павле кој има потенцијал да игра клучна улога во привлекување странски гости во туристичката Мека Охрид, останува празен. Наместо на голема врата да се промовира нашата туристичка Мека,државата велат туристичките работници не превзема речиси ништо за отворање и освојување на нови пазари.
„ Имаме идеални услови преку аеродромот да се поврземе и со хрватските градови. Веќе имаме линија Охрид-Белград, четири пати неделно. Мислам дека ќе се јави потреба од воведување на нови авионски линии од екс-ју просторите. Аеродромот треба да се валоризира во повеќе насоки и со повеќе линии и со тоа колку и да се инвестира, сè ќе биде повратно бидејќи тие луѓе ќе бидат конзументи на нашите услуги “-вели Михајло Филев,конзул на Србија во Р.М
“Тоа секако би било добро затоа што ние патувавме 12 часа,поминавме 2 граници.Со авион би се скратил тој пат до овде”-вели Светлата Ловренчиќ,туристички водич од Хрватска

Конретно од охридскиот аеродром сообраќаат авиони кон австрискиот главен град Виена,Шветскиот град Малме,германските Меминген и Дортмунд и најголемиот швајцарски град Цирух. -вели професор доктор Ангела Пасквал.
“Никој тоа не го промовира, јас бев во сите агенции кои што постоеа во Малме, јас чукнав и прашав дали знаете за Охрид тие рекоа никој ништо не знае.Значи може да замислите каков град ќе му понудиме ние на тие луѓе кои што имаат голема платежна моќ. Јас полјаците ги почитувам, тие имаат 700 евра просечна плата, меѓутоа ако ги земете Шведска, Норвешка, Данска каде што 4.000 , 5000 евра ви е просечна плата,не зборувам за висока класа”-вели проф.др. Ангела Пасквал-Ф.Т.У
И во едни вакви услови туристите од опкружувањето се приморани со часови да патуваат со автобуси за да стигнат до Охрид, оти автопатот Охрид-Кичево кој се гради една деценија.
“Голем проблем и најголем проблем всушност ви се летовите,не знам зошто постои охридски аеродром само се пуштаат некои чартер летови чат пат преку лето.И транспортот од Скопје до Охрид патот, брате патот не е направен ! Како со хеликоптер ли да ги донесеме ?”-реагираат туристичките водичи.
Крајно време е нашите власти да се зафатат со работа и да ја промовираат нашата преубава земја во еворпските метрополи со кои имаме дирекни линии, бидејќи Македонија не е земја од трет свет-велат нашите соговорници.
Новинар Росица Голабоска
