Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Охридската филмска академија постои виртуелно , ама не образува кадри со години

Најмладата филмска академија во земјава “Институтот за филм-Филмска акамедија Охрид”  функционира,ама само виртуелно.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмладата филмска академија во земјава “Институтот за филм-Филмска акамедија Охрид”  функционира,ама само виртуелно. Осум година по ред нема упис на студенти, а нити еден од трите генерации кои се запишаа од 2015-та кога беше и основан, не успеа да се здобие со диплома заради немање согласност за ангажирање наставен кадар и укинување на статусот на професорите од Прашката филмска школа. Професори и сега нема,вратите на предавалните се заклучени,интитутот го изгуби најважното управувачко тело- Наставно научен совет.Академијата е затворена односно не работи, но плата земаат 11 вработени: 4-ца технички персонал, 2-ца помлади асистенти истражувачи и 5-мина административен кадар. И покрај големиот интерес за студирање на оваа јавна научна установа од 2017-та не е објавен конкурс за упис на студенти. Институт функционира само формално правно, но не и образовно.

 “Од јуни 2017 година претставници на Институтот одржуваа состаноци  со надлежните во МОН, но освен усни паушални одговори, не доби никакви насоки за понатамошно функционирање. Во моментов Институтот нема основни услови за планирање на работењето.Случувањата кои го пратат Институтот годиниве наназад немаат логично објаснување, освен незаинтересираност на надлежните за решавање на состојбата која се создаде. Огромна штета за градот и државата  во делот на образованието и културата, затоа што во многу кус рок, Филмската академија стануваше регионален филмски центар”, велат од Институтот за филм

Со одлука на тогашаната влада врвната опрема е одземена од институтот и доделена на ФДУ во Скопје. Сега министерството за образование врши контрола и комплетна анализа на Институтот од што ќе зависи дали има можност за понатамошно законско и правилно функционирање.