Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Охрид во туристички подем: Расте бројот на приватни станоиздавачи

Бројот на приватни станоиздавачи во Охрид расте.Од мали апартмани до цели станови,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на приватни станоиздавачи во Охрид расте.Од мали апартмани до цели станови, локалните жители ги претвораат своите недвижности во профитабилен бизнис, привлечени од растечката туристичка побарувачка. Експертите велат дека приватното изнајмување во Охрид е вносен бизнис и дека Охрид станува економски центар за сите оние што сакаат да заработат од туризмот, дури и без големи хотелски вложувања.Од Општинскиот сектор за туризам истакнуваат дека во последниве 5 до 10 години бројот на регистрирани станоиздавачи кој тогаш изнесувал околу 2000, сега е значително поголем.

  “Сега веќе ги имаме 3.000 регистрирани кои што работат легално, нормално согласно законите.И свесни сме дека што се однесува барем до понудата на приватниот сектор таа од година во година станува се поквалитетна и дека имаме подобри услови кои што се разбира туристите ги бараат за време на нивниот престој”-вели Ѓоко Апостолов,ТЛЕР Охрид

Сепак,сивата економија во туристичкиот сектор е намалена, но не е искоренета. Дел не ги пријавуваат во целост туристите.Сеуште има станоиздавачи, кои не се категоризирани и на диво сместуваат туристи избегнувајќи да платат данок на остварените приходи. Локалните власти постојано потсетуваат дека објектите треба да бидат регистрирани и законски покриени, но тоа не ги запира оние што гледаат во оваа сигурен и брз извор на заработка.

Реклама

”Издадените решенија имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на решението.Доколку станоиздавачите започнале дејност без потребните документи ќе се соочат со казни”, велат од општина Охрид.

Секој влече на своја стана, хотелиерите ценат дека на Охрид му требаат повеќе хотелски капацитети.

 “Треба да се изработи еден детален урбанистички план и да се даде на сите тие инвеститори, верувам дека повеќето ќе бидат домашни инвеститори кои не се за потценување и треба да се изградат нови модерни хотели кои би биле конкурентни со сите понови дестинации кои се околу нас”-вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ

Инаку според пописот 2021-ва, во Охрид има околу 18.000 празни станови,но не се знае колку од нив навистина се издаваат како приватно сместување.На онлајн платформите  Booking и Airbnb се нудат од 1000 до 1800 приватни апартмани за изнајмување.