Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Охрид-скап или со пристапни цени?

Дали Охрид е туристичка ценовна стапица за гостите кои празуваат на ривиерата-ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали Охрид е туристичка ценовна стапица за гостите кои празуваат на ривиерата-ги прашавме оние кои деновиве ги поминуваат во нашата туристичка мека. Мислењата се поделени, дел од нив велат дека хотелско-угостителските услуги не се превисоки само плиткиот џеб на македонските граѓани, цените ги вџашија дури и печалбарите. Но има и такви кои не го пребројуваат паричникот на секои пет минути,оти еднаш се живее.

„Многу,тоа е многу за разлика од европските цени се исти и некои производи се поскапи отколку во Германија и тука сум малку разочаран. Таму е две и пол евра кафе, а овде преку три и пол, четри, пет, зависи во кој дел од градов се пие; Нова година е не се гледаат цените, ако си дошол и размислуваш за цените секаде е скапо, никаде не е ефтино.Ништо поскапо од Србија,можеби и поефтино. Цените се слични

Во Охрид, домаќините во сопствениот град живеат како туристи 365 дена во годината,па така првото кафе наместо да го пијат со поглед кон бистрите езерски води,игра домашното ѓезве оту се нема.Оние кои што живеат од туризам,велат дека тешко се печали.Ни приказните на Охрид и митот на љубовните пештери не ги кандисуваа гостите да пловат по езерската шир иако цените ги спуштивме за 20 % вели охриѓанецот Наум Мато,ги нема вели побогатите туристи.

Реклама

„Многу средна класаи повеќето се деца,значи што треба да се направи, шуќур што го прават патот Кичево Охрид да дојдат малку побогати луѓе зошто ќе ги искршат колите.Тие малку повеќе што имаат банки ќе си одат странство што е нормално, кој што нема банки ќе си седи дома“– вели Наум Мато, бродар

Туризмолозите со единствен став- апсолутно не треба да го продаваме Охрид за ниски цени,она што треба да се направи е да се подобри велат понудата.

„И Македонија во целост и Охрид сеуште сме можеби најефтини и тоа е атрактивна компонента.За жал луѓето кои доаѓаат на Балканот се ценовно флексибилни, со други зборови внимават колку ќе потрошат.Јас би сакал Охрид да е пол со туристи кои не размислуваат на цената, кои 100 евра дневно нема да им биде проблем да потрошат, а ние сме сеуште на некој низок европски субпосек од едвај 50 евра на ден-вели проф. Зоран Тунтев-ФТУ

„Цените на угостителските услуги пораснаа и се на врвот на пораст на цените воопшти во таа инфлаторна спирала. Aма од друга страна просекот на платата исплатена во секторот угостителство е на ранг на минимална плата, е тоа е лошо.A високи цени, а оној кој што плаќа висока цена, видете нема висока цена ,што добивате за цената?”-вели Сашо Коруноски-универзитетски професор

Од еснафот на угостители пак цврсто стојат на ставот дека Охрид е поефтин не само од опкружувањето туку и од многу дестинации во државава кои воопшто не се атрактивни.Во зголемата побаравучка се наоѓа можност за покачување на цената дури и кога станува збор за излетнички места во нашата држава.

Росица Голабоска