Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Прилози

Охрид подготвен за Водици

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид-центарот на православието, блесна со исконска убавина. Охриѓани буквално живеат за големиот христијански празник Богојавление-Водици,бидејќи фрлањето на крстот е традиција која ја негуваат од памтивек.За оваа црковно народна манифестација,секој сака да биде во градот кој е македонската духовна престолнина. Положувањето на светиот крст во езерските води годинава ќе го изврши митрополит Дебарско-кичевски, г.Георгиј кој неодамна ја превзеде епархијата.

“Централна богослужба оваа година ќе биде во црквата Успение на Пресвета Богородица, Каменоско каде ќе чиноначалствува неговото високо превосвештенство митрополитот на  Дебарско-кичевската епархија г.Георгиј.Литургијата почнува во 11 часот за во 9.45 ч да тргнат литиите кон гратското простаниште и во 10ч да се осветат водите на Охридското езеро”-вели Илија Ристески,свештеник

Сите капачи кои сакаат да скокаат во осветените езерски води, пожелно е денес да се јават на медицински преглед.

Реклама

“ И препорачуваме на сите да дојдат, да одвојат 5 мин и да ја видат својата здравствена состојба,да ги добијат препораките, са знаат каде е движењето и каде ќе се тимовите за недај Боже” –вели Сашо Точков,Црвен крст Охрид

Верските празници не се само датуми во календарот туку столбови на духовноста,преку кои народот го препознава сопствениот идентитет,вкоренет во верата и обичаите.Ако во Охрид празнувањето на Водици има особено значење,тивкиот чувар на огништето,Свети Василиј и традиционалната прослава на стара Нова година во Вевчани, која кулминира со карневал, надалеку ја прочу најмалубројната општина во Македонија.Хроничарот Анастас Ќушкоски кому пасија му се некогаш забрануваните женските маски, го прашавме дали има разлика во начинот на кој се празнувал Свети Василиј некогаш и сега.

“Јас во моите 83 години барем сум ја почувствував таа разлика од оние традиционални маски кои се изработуваа од природни материјали до овие најсовремени.Поготово сега со оваа вештачка интелигенција, јас не знам што ќе се случи со карневалот, затоа што тоа веќе станува нереална слика. А оние реалните зборуваат нешто друго, треба да ја прочиташ душата на човекот.Карнавалот свој примеси почнувал да добива и со начинот на живот, со печалбарењето.Се носеле многу идеи од надвор.Многу делови на реквизити се носени, носени се маски од Италија, носени се сабји од Романија за да се заигра орото со сабја.”-вели Анастас Ќушкоски-хроничар

Никој не знае колку маски имало до сега,оти откако постои Вевчани,од тогаш постои и карневалот.Вевчани како моќна населба се спомнува уште во 9-тиот век,раскажува Ќушкоски.