Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Официјално отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, во организација на Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана

Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег“ денес официјално е отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, во организација на Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како што се наведува во општинското соопштение, во обраќањето пред присутните истакна дека саемот претставува значаен момент за афирмација […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена церемонија на плоштадот „Скендербег“ денес официјално е отворен Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, во организација на Општина Чаир и Институтот за книга и промоција од Тирана.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како што се наведува во општинското соопштение, во обраќањето пред присутните истакна дека саемот претставува значаен момент за афирмација на албанскиот јазик, културата и книгата во јавниот простор.

-Денес Скопје зборува на албански јазик. Зборува преку гласот на книгите, преку јазикот на мислата и преку присуството на нашата пишана култура, на отворањето на Албанскиот саем на книгата за првпат во овој град- истакн Меџити.

Реклама

Тој нагласи дека оваа манифестација е доказ за живоста на албанската култура и за силата на пишаниот збор, потенцирајќи дека ваквите настани имаат клучна улога во поттикнување на читањето, особено кај младите.

-Овој саем претставува значаен момент за албанскиот јазик и култура, како доказ за нивната живост и за силата на пишаниот збор. Тоа е чекор што ја поставува албанската книга во центарот на јавниот простор и го потврдува континуитетот на еден културен идентитет што не избледува-рече Меџити.

Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026 ќе биде отворен за посетителите до 7 јуни. Во рамки на програмата се планирани промоции на книги, средби со автори, литературни дискусии, како и други културни активности, со учество на издавачки куќи од повеќе албански средини.