Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Одржана прва седница на Советот за превенција на Општина Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа првата седница на Советот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа првата седница на Советот за превенција во нов состав, со кој претседава градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. На седницата присуствуваа претставници од СВР Скопје, командирите на полициските станици Драчево и Кисела Вода, како и претставници од министерствата за здравство, транспорт, животна средина и просторно планирање, култура и туризам, образование и правда. Во составот се вклучени и директорите на сите општински основни училишта, соопштија од општината.

Како што беше истакнато на состанокот, примарна цел на Локалниот совет е унапредување на безбедноста на децата, младите и сите жители на општината преку рано идентификување на ризиците и координирано дејствување на институциите на терен.

Телото треба да обезбеди постојана меѓуинституционална соработка меѓу полицијата, образовните установи и надлежните министерства, со цел ефикасно одржување на јавниот ред и сигурноста.

Реклама

– Постоењето и активното функционирање на ваков Локален совет за превенција е од суштинско значење за нашата општина, бидејќи овозможува сите релевантни институции да делуваат како еден механизам. На овој начин создадеме систем на рано предупредување и заштита. Нашата задача е да спречиме каква било закана по безбедноста на децата и граѓаните уште пред таа да се појави, истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека само преку широка меѓуинституционална соработка и редовна комуникација може да се изгради средина во која секој жител на Кисела Вода ќе се чувствува безбедно.