Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Одржана Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација – усвоени клучни извештаи за напредокот на реформите

Денеска се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше премиерот Христијан Мицкоски, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, меѓу кои Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јавната администрација согласно препораките од оценската мисија на СИГМА од 2024 година, информираат од Министерството за јавна администрација.

Министерот Горан Минчев, ги презентирал клучните наоди од двата извештаи, при што се осврнал на постигнатиот напредок во спроведувањето на реформските активности, степенот на реализација, како и на предизвиците со кои се соочуваат институциите во процесот.

Притоа, било истакнато дека за првпат Годишниот извештај е подготвен со користење на унапредена и модернизирана ИТ алатка за прибирање и следење на податоци, што овозможува попрецизно, транспарентно и навремено следење на реформските активности.

Реклама

Минчев истакнал дека во текот на 2025 година е остварен значителен напредок во повеќе приоритетни области, вклучително и креирањето политики, управувањето со човечки ресурси, зголемувањето на транспарентноста и дигитализацијата на услугите, што придонесува за унапредување на квалитетот и ефикасноста на јавната администрација.

-Советот за реформа на јавната администрација има суштинска улога во обезбедувањето координиран и одржлив пристап кон реформите, преку заедничка одговорност и јасна насоченост кон резултати, истакнал министерот Минчев.

Советот ги усвоил и заклучоците со кои се задолжуваат надлежните институции да продолжат со ревидирање на активностите во Акцискиот план, како и со навремено внесување и ажурирање на податоците во системот за следење на имплементацијата на Стратегијата.

Министерството за јавна администрација, велат оттаму,  останува целосно посветено на унапредување на реформата на јавната администрација, преку континуирана координација со институциите и доследна имплементација на стратешките приоритети, со цел обезбедување современа, ефикасна и граѓански ориентирана јавна администрација.