Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Одржана јавна расправа за предлог-законот за оружјето во Комисијата за одбрана и безбедност

Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на предлог-законот за оружјето, со што ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи и се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на предлог-законот за оружјето, со што ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи и се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и пренесување преку државна граница оружје, негови делови, главни делови и муниција.

Пратеникот Бране Петрушевски во воведното обраќање истакна дека предложеното законско решение е усогласено со релевантната легислатива на Европската Унија и претставува чекор кон понатамошно унапредување на националната правна рамка во оваа област.

Помошник-министерот за внатрешни работи Јован Алтанџиев го образложи предлог-законот пред членовите на Комисијата и претставниците на засегнатите организации и ја истакна важноста од донесувањето на законот, придобивките што се очекуваат од неговата примена, како и потребата од усвојување современо и ефикасно законско решение. Притоа повика на широка и инклузивна дебата со цел да се дојде до најквалитетно законско решение, кое успешно ќе се имплементира во пракса, соопшти собраниската прес-служба. 

Реклама

По неговото обраќање, свои излагања имаа претставниците на присутните организации и институции, кои изнесоа мислења, предлози и забелешки насочени кон дополнително унапредување на текстот на предлог-законот.

Пратеникот Петрушевски им се заблагодари на сите учесници за нивниот придонес во расправата и за конструктивните предлози и забелешки и посочи дека од јавната расправа ќе бидат изготвени стенографски белешки, кои ќе послужат како основа во натамошниот процес на доработка и усовршување на конечниот текст на законот.