Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Во Уставен не може да остане личност неуставно избрана – вели претседателката за случајот со судијката Дуковска

Одлуките кои ги донел Уставниот суд со гласот на Елизабета Дуковска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуките кои ги донел Уставниот суд со гласот на Елизабета Дуковска се конечни и извршни, вели претседателот Дарко Костадиновски. Го повтори ставот на уставните судии, дека одлуката на Управниот суд за укинување на изборот на Дуковска, било правен преседан. Правни последици ќе има од ваквата одлука, вели Костадиновски, но какви не откри.

  • „Оваа одлука на Управниот суд ќе произведува правни последици. Ќе оставиме да видиме и науката и струката, ако има потреба и Уставниот суд евентуално во иднина да се произнесеме за оваа состојба. Затоа што ова е правна состојба, ви реков едноставно имаме пресуда, таа пресуда ни прави правни импликации, тие импликации веќе ги гледаме. А дали во иднина Управниот или било кој суд ќе постапува согласно нивните надлежности и каков ефект ќе има јас не можам ниту да видам ниту да коментирам,“ рече Костадиновски – Претседател на Уставниот суд.

Од друга страна, претседателката Сиљановска Давкова потенцира дека гласањето на уставната судијка бил неуставен и незаконски зашто во изброот останатите кандидати не добиле шанса да бидат гласани од членовите на Судскиот совет. И за неа веќе донесените одлуки, со глас од Дуковска не би требало да се проблематизираат.

  • „Каков е тој натпревар ако имате повеќе кандидати, а некој си одлучи дека завршена е битката уште пред правната да почне. Тие се опомените што нас нè тераат системот да го промислиме навистина ако сакаме Уставен суд којшто ќе биде противтежа на трите власти. Ова е лекција и за пратениците, бидејќи тие ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено убедување, но во политиката во границите на правото. Таква не беше таа“, заклучи Сиљановска – Давкова.

Уставниот суд ја одржа првата седница без Елизабета Дуковска. Во изминатите години, таа работела на 100-тина предмети, но дополнително ќе се утврдува колку останале незавршени и ќе ги наследи друг уставен судија.

Реклама

Заради заминувањето на Дуковска, Уставен веќе ја одложи расправата по Законот за употреба на јазиците, бидејќи таа беше судија известител.

По две години од изборот, Дуковска го напушти Уставниот суд со одлука на Управен кој утврдил дека Судскиот совет на седницата за избор гласал единствено за неа, но не и за другите двајца кандидати.