Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Македонија

Одложено судењето на Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, закажани нови термини за расправа

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја одложи главната расправа во предметот за наводни злоупотреби во АД „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски образложи дека одлагањето е потребно за обвинетите и нивните бранители да имаат доволно време да извршат увид во доставените докази, да се запознаат со нивната содржина, да ја подготват одбраната и да достават листа на докази што предлагаат да бидат изведени во текот на постапката.

null

– Судот оцени дека обвинетите и нивните бранители треба да добијат потребно време за увид во доказите и за ефективна подготовка на одбраната имајќи го предвид и барањето на бранителот на обвинетиот Бојан Јанев за оставен рок за подготовка поради што главната расправа се одлага – истакна судијката.

Реклама

Наредните рочишта се закажани за 7, 11, 16, 18, 23 и 30 септември, како и на 2, 8, 9, 15, 16, 20 и 21 октомври.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Обвинителите најавија изведување 231 материјален доказ, вештачења и искази на седум сведоци.

Според обвинителниот предлог поднесен од Основното јавно обвинителство Скопје, Артан Груби и уште седум лица се товарат дека во текот на 2023 и 2024 година со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ од над 507 милиони денари. На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Првообвинетиот, поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, сè уште е недостапен за органите на прогонот и се бара негов притвор по пронаоѓање, а за Артан Груби, Обвинителството бара продолжување на мерката куќен притвор.

Груби беше уапсен во февруари годинава на граничниот премин Блаце по повеќе од 14 месеци недостапност за органите на прогонот по што, наместо ефективен притвор, му беше определен куќен притвор поради безбедносни причини.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: