Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Одложено судењето за таткото кој претепа деца фудбалери на мечот Брегалница – Штип, одбраната бара превод на албански јазик

Многу добро знае да се расфрла со тупаници, клоци и да тепа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу добро знае да се расфрла со тупаници, клоци и да тепа млади фудбалери, но не говори доволно добро македонски јазик, за да разбере за што го обвинуваат. Тоа е причината што денеска  во Основниот суд во Штип, мораше да се одложи судењето на 43 годишниот родител од Скопје, кој физички нападна двајца малолетнци  фудбалери на  натпреварот меѓу клубовите Брегалница и Шкупи, што се одржа минатиот месец на спортското игралиште „Бело брдо” во Штип. На денешната прва главна расправа одбраната на обвинетиот побара симултант превод во текот на судскиот процес, како и превод на обвинителниот предлог, со образложение дека не говори добро македонски јазик  и во целост не го разбира обвинителниот акт.

„ Од наша страна се побара да се исполнат тие услови посебно во делот на преводот на обвинителниот предлог што е доставен ОЈО-Штип, до Судот, со цел да може да постапува судот на мајчиниот јазик на обвиниетиот. Тоа секако беше прифатено. Од наша страна се доставени листа на докази со многубројни сведоци„ изјави адвокатот на обвинетиот, Асмир Алиспахиќ.

  За разлика од него адвокатот на натепаните малолетници , тврди дека одбраната на обвинетиот тепач немаат никакви докази со кои би го оспориле фактот дека 43 годиниот маж ги натепал младите фудбалери.

Реклама

  „Одбраната достави листа на докази, меѓутоа истите се однесуваат на имотно и здравствената состојба на обвинетиот. Така што немаат докази, барем во оваа фаза со кои ќе ги побијат наводите на обвинението„ изјави адвокатот на оштетениот фудбалер, Горан Костадиновиќ.

Основното јавно обвинителство покрена обвинителен предлог против 43 годишниот маж од Скопје, за кривично дело насилство, што се случи на 24 август на фудбалски натпевар меѓу Башкими и Брегалница, во Штип. Инцидентот настана откако судијата поради прекршок додели жолт картон, со што од игра го исклучи синот на обвинетиот. Незадоволен од одлуката на судијата, на спортскиот терен првин  физички се пресмета синот, а потоа и таткото. Двајцата фудбалери на Брегалница со скршен нос и повреди на ногата завршија во штипската Клиничка болница. Дисциплински мерки изрече и ФФМ. Судскиот процес почнува на 29 септември.