Реклама

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Македонија

Одложени следните две рочишта од судењето за убиствата на Вања и Панче

Кривичниот суд ги откажа следните две рочишта за судењето за убиството на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кривичниот суд ги откажа следните две рочишта за судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, причината влошената здравствена состојба на еден од обвинетите.

„Поради интерес на медиумите и невладините организации, кои ја следат главната расправа за предметот со К. бр. 1339/24, поврзан со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. од ноември 2023 година, ја известуваме јавноста дека: ЈЗУ Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје, на 2.10.2024 година, го извести Основниот кривичен суд Скопје дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во конкретниот предмет, од КПУ ‘Затвор Скопје’ е префрлен и хоспитализиран во наведената клиника поради влошена здравствена состојба“, информираат од Кривичен суд.

Судењето, како што додаваат оттаму, ќе продолжи на 14 октомври, за кога е закажано следното рочиште. Тогаш, како сведоци треба да се појават и мајката, бабата и дедото на Вања.

Реклама

Боре Видевски, кој е еден од петтемина обвинети за убиството на Вања и Панче, во понеделникот во неконтактибилна состојба бил пренесен на Клиниката за Нефрологија. Неговиот адвокат, Бојан Манев, изјави дека Видевски со речиси откажан бубрег бил префрлен на скопските клиника, откако во затворската ќелија константно се жалел на болки.