Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Одбраната на сопственикот на дискотеката „Пулс“ побара куќен притвор, родителите негодуваа, Обвинителството даде негативно мислење

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во судницата во „Идризово“ до судот достави дополнителна медицинска документација за нарушената здравствена состојба и побара замена на притворот со куќен притвор. 

На ваквото барање од одбраната со негодување реагираа родителите на жртвите, кои го следат процесот во судницата.

Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, со оглед дека Обвинителството сè уште не се произнело по предлогот за замена на притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба, побара судот, како што вели, „да покаже малку човечност и хуманост. 

Реклама

– Барам судот да покаже малку човечност и хуманост. Кој било друг човек да беше обвинет во ваква здравствената состојба немаше да продолжи во притворски услови и молам одлуката да биде донесена без пространост и влијание од јавноста – изјави неговата адвокатка Коцевска. 

Обвинителството во однос на предлогот на првообвинетиот рече дека ќе се произнесе писмено дополнително, со оглед дека одбраната доставила дополнителна медицинска документација.

– Ако одбраната инсистира толку многу сега да се произнесеме, даваме негативно мислење затоа што од затворскиот лекар имаме мислење дека таа терапија може да му се даде во притворски услови – изјави Обвинителството. 

Од одбраната на обвинетите Беким Хаџиу и Тодор Јованов исто така пред судот изнесоа предлог за укинување на мерката притвор поради нарушена здравствена состојба. 

Одбраната на Шабан Салиу исто така информира дека поднеле писмен предлог за укинување на една од петте мерки за претпазливост.