Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Обвинителката од Основното јавно обвинителство во Штип, Билјана Тошева Анакиева на почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителката од Основното јавно обвинителство во Штип, Билјана Тошева Анакиева на почетокот на судењата за петмината инволвирани во убиството на турскиот државјанини истакна дека ќе докаже дека убиството е сторено на дрзок начин во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“-Штип. Таа истакна дека имаат докази за сторените кривичните дела на обвинитетите во овој случај.

Од обвинителката беше посочено дека на 8 мај 2025 година е извршено дрско, организирано убиство со логистичка поддршка, свесно и активно. Првоосомничениот извршител на убиството бил со непријавен престој во државата, со оружје за кое немал дозвола, осудуван во Турција за кривични дела убиство и недозволено држење на оружје. Второ и третоосмничените исто така биле осудувани во Република Турција, а во Македонија се претставувале со лажен идентитет. Затоа Обвинителството побара строга казна за извршеното дело.

Одбраната на обвинетите, пак,  во своите воведни зборови побара кривичното дело да се преиначи во „убиство на миг“ и дека се направени пропусти, па затоа побара делото да биде класифицирано како „убиство на миг“. Шенаи Османов бранител на првоосомничениот и четвртоосомничениот изјави дека обвинението е невистинито, со приложени докази за тоа.

Реклама

-Денеска имавме прилика да видиме добро составено обвинение од страна на ОЈО Штип, но за жал истото не е вистинито. Ние како одбрана увидовме низа на пропусти во обвинението и сметаме дека ОЈО Штип со ваквото обвинение не докажува разумно сомневање. Како одбрана ќе ја докажеме вистината дека ниту убиството е сторено со умисла, а ниту, пак, соизвршителите се помагачи во ова кривично дело, рече Османов.

Тој истакна дека сега убиениот турски државјанин бил познат по своето насилно осудување, закани и уцени кои ги правел кон турските студенти во Штип, а и тој имал лично поднесено кривична пријава против него, но како што тврди Обвинителство не презело ништо.

Првото судско рочиште почна под силно полициско обезбедување, во присуство на роднини на обвинетите во овој случај, кои се дојдени од Турција. Поради големата јавност за овој случај, судењето се одвива во големата судница на Апелациониот суд во Штип.