Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Правото на независно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи панел-дискусија на тема „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“, по повод Меѓународниот ден на белиот стап.

Настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и Националниот сојуз на слепи на Македонија и Зета – Организација за попреченост и правда.

На настанот воведни обраќања ќе имаат Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов” и Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружение на слепи и лица со оштетен вид Скопје.

Реклама

Како што информираат од собраниската прес-служба, на панел-дискусијата ќе се обратат Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, Ѓоко Велковски, министер за социјална политика демографија и млади, Весна Јаневска, министерка за образование и наука, владината портпаролка Марија Митева и Емилија Ангелова, член на ИППГ за правата на лицата со попреченост.

Во рамки на настанот предвидено е да се обратат и Беира Салифоска од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Кети Петреска од Сојузот на слепи на Македонија.