Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата дека Филипче и Зоран Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Го прашуваме директно Венко Филипче дали тој и Зоран Заев имале каква било комуникација или договор со лица блиски до Румен Радев за насочување на лекувањето на Ива Михаилова во Бугарија? Дали имало политички притисоци, посредувања или ветувања поврзани со медицинската документација и одлуката за продолжување на нејзиното лекување надвор од Македонија? – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ива Михаилова, е осомничена во кривично правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Според информациите што се изнесуваат во јавноста, на 19 март 2026 година бил изготвен медицински извештај од доктор Иван Барбов, другар на Филипче и Заев, во кој се наведува дека лекувањето треба да продолжи во Бугарија.

Како е донесена одлуката, врз основа на кои стручни медицински процени и дали врз неа влијаел каков било надворешен фактор? Ова се прашања што мора да добијат одговори врз основа на документи и факти, а не на политички препукувања.

Реклама

И додека надлежните институции и политички субјекти јавно реагираат на постапките и односот на официјална Софија, Филипче и СДСМ молчат за улогата на бугарските власти во овој случај.

Македонија не смее да биде заложник на политички долгови на Заев и Филипче на нивните лични релации или задкулисни договори. Ниту една медицинска состојба не смее да биде инструмент за политички манипулации, а уште помалку повод за поткопување на довербата во домашните институции.

Затоа, ги повикуваме надлежните институции да ги испитаат сите околности околу изготвувањето на медицинскиот извештај, евентуалните контакти со политички претставници и постапките на сите инволвирани лица.